| четврток, 6 декември 2018 |

Дамаск обвинува: Турција ја зголеми доставата на оружје за терористите

Сириските власти денеска ја обвинија Турција дека ја зголемила доставата на оружје, муниција и опрема за „терористите во Сирија“.

sirija rusija

Според Дамаск, оружјето било скриено во пакети, за кои турските власти тврделе дека содржат хуманитрана помош.

Како што јави ТАСС, сирискиот бригаден генерал Али Мајхуб изјави дека Турција им доставува оружје на терористите во замена за нафта по пониски цени и за антиквитети украдени во Сирија и Ирак.

Во исто време, сириската армија соопшти дека нејзини војници синоќа биле изложени на минифрлачки оган од територијата на Турција.

Сириските власти со терминот „терористи“ ги именуваат сите вооржени групи во земјата што се борат против владините сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top