Осумнаесет полицајци се повредени во насилствата што ги предизвикаа мигрантите кои со камења и други тврди предмети ги нападнаа полициските службеници од грчка територија. За инцидентот се огласи и Министерството за внатрешни работи кое го потврди инцидентот и соопшти дека двајца од полицајците биле потешко повредени.
– Денес околу 13:30 часот на граничната линија кај кота 59 нарушен е јавниот ред и мир од страна на мигрантите кои се наоѓале на грчка страна на граничната линија Грција – Македонија. Мигрантите почнале да фрлаат со камења кон полициските службеници со цел пробивање на полицискиот кордон и влез на македонска страна. Повредени се 18 полициски службеници од кои двајца со потешки телесни повреди во пределот на главата, еден од нив со потрес на мозок. Сите се хоспитализирани во Медицинскиот центар во Гевгелија. Демолирани се и неколку полициски и армиски возила и полициски штитови. Состојбата во моментот е нормализирана, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Тензии на граница, мигранти од БиХ насилно се обиделе да влезат во Хрватска