Ноќва околу 02.35 часот ул.„Народни Херои“ во скопската општина Кислеа Вода, две непознати лица се обиделе да влезат во тoбако „Томи“ преку влезната врата која била заклучена. Откако не успеале да ја отворат насилно го скршиле изложното стакло од каде oдзеле неколку штеки цигари и притоа му упатиле сериозни закани на вработениот и му побарале да им ја даде металната каса во која имало пари од дневниот промет. Ја земале касата и со трчање избегале во непознат правец.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.