Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова која настапува за шведскиот тим Розенгард продолжува со успешните партии за својата екипа. Таа покрај тоа што го освои шведското првенство, веќе се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Синоќа беше извршена ждрепката во ова натпреварување, а Андонова доби исклучително тежок противник, односно актуелниот европскиот шампион, Франкфурт.
Првиот натпревар Розенгард ќе го игра на домашен терен во Шведска, а потоа, седум дена подоцна следи реванш во Германија. Останатите три дуела ги формираат Волфсбург-Бреша, Лион-Славија Прага и Барселона-ПСЖ. Ако Андонова и Розенгард го минат Франкфурт, тогаш во полуфиналето ќе играат со победникот од мечот Волфсбург-Бреша.
Првите четвртфинални мечеви се играат на 23/24 март, додека реваншите се закажани на 30/31 март.
Парови четвртфинале ЛШ: Волфсбург – Бреша, Розенгард – Франкфурт, Лион – Славија Прага, Барселона – ПСЖ
Полуфинални двојки: Лион/Славија Прага – Барселона/ПСЖ, Волфсбург/Бреша – Франкфурт/Розенгард
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.