| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја е подготвена – војната може да почне во секој момент!

 Северна Кореја планира во следните денови да почне војна или да изведе уште еден тест на ракета со среден и краток дострел. Степенот на тревога во САД, Јапонија и Јужна Кореја е на највисоко ниво.

Овие земји претпоставуваат дека Северна Кореја ќе лансира ракета најдоцна до 15 април кога се слави роденденот на Ким Ил Сунг, дедото на актуелниот лидер и основач на земјата. Некои пак сметаат дека нападот ќе се случи утре на денот на посетата на државниот секретар на САД Џон Кери и шефот на НАТО Андерс фог Расмусен на Сеул.

Јужнокорејските разузнавачи велат дека нивниот северен сосед ги завршил сите подготовки за непосредно лансирање на две ракети од среден дострел „Мусадан“ од 3.000 километри. Исто така забележани се и други лансирни возила кои носат ракети со краток дострел до 1.500 километри од типот „Скад“ и „Родонг“.

Во меѓувреме и Јапонија е во состојба на целосна приправност поради очекувањата дека Северната Кореја ќе лансира ракета. Пред два дена јапосната војска во постави ракети од типот „Патриот“ за одбрана на Токио, а во Јапонското Море се поставени батерии „PAC-3“ и „Egis“ опремени со пресретнувачки ракети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top