| четврток, 6 декември 2018 |

Облачно со повремени врнежи од дожд и снег

Времето  во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне во западните делови со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до пет, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје облачно со слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во недела ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарјето и повремено засилен северен ветер. Претпладне во западните делови ќе провејува снег. Од понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат по постепен пораст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top