| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ немаат визија, работат копи-пејст само за провизија!

zaev-Без програма и идеи, без конкретни проекти, како и пред секои избори, СДСМ својата програма ја покрива со копирање на концепти и програми.
Не е прв пат СДСМ својот недостаток на капацитет и неспособност за дефинирање на приоритети на граѓаните, за реалните проблеми и потреби да го покрива со бледо копирање на концептот на работа на ВМРО-ДПМНЕ.

vizijata
Откако ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше најновата кампања “На Македонија и треба твојата идеја” со која ги повика граѓаните да ги дадат своите идеи, кои подоцна ќе бидат вметнати во новата програма за претстојните парламентарни избори, по истиот пример и СДСМ побара идеи од граѓаните. Со летоци кои деновиве пред куќните прагови ги пречекаа жителите на повеќе општини во Македонија, опозиционерите по примерот на владејачката партија, собираат предлози од граѓаните. Ги повикуваат граѓаните да се приклучат кон акцијата, бидејќи како што стои во текстот – Секој предлог е подеднакво важен. И додека ВМРО-ДПМНЕ во слоганот на новата кампања вели дека на Македонија и треба идејата на граѓаните, СДСМ ги повикува граѓаните заедно да ја градат иднината на Македонија.
Крадењето на идеи и копирањето на кампањи и проекти е пракса на “Бихаќка”.
Примерите за тоа се огромни и видени повеќе пати во минатото. Таков е случајот и сега.
Зоран Заев, соочен со постојаните критики од јавноста и експертите дека се обидува да добие поддршка од граѓаните без програма и концепт, деновиве излезе во јавноста да претстави наводно изработен програмски документ, кој по повеќе основи воопшто не наликува на сериозна политичка понуда од партија која претендира за добивање на довербата на граѓаните.
Принципот на работа на СДСМ кој се базира на бледо копирање на начинот на работа на ВМРО-ДПМНЕ е видлив и во говорот на Заев при претставувањето на т.н програма.

vizija
Со исти зборови и вокабулар, со копирање на начинот на работа кој е препознатлив и веќе реализиран од ВМРО-ДПМНЕ, Заев и СДСМ повторно го копираат ВМРО-ДПМНЕ. Оваа претставува јасен доказ дека СДСМ се обидува во секоја прилика да го копира ВМРО-ДПМНЕ.
Со ваквиот копирачки почеток на најава на т.н. програма на СДСМ станува повеќе од јасно дека СДСМ продолжува да тоне во својата безидејност, во својот затворен свет без реално чувство за потребите на граѓаните, без визија и без конкретна реална понуда за развој на општеството и без намера за промена на своето функционирање. Ваквиот неуспешен обид за бледа копија на веќе воспоставената политика и начин на работа на ВМРО-ДПМНЕ, за познавачите на состојбите, го претвора СДСМ во бледа копија, а не автентична партија со автентична понуда и тоа многу лесно е препознато и прочитано од граѓаните.
Дополнително СДСМ излегува со нереални и лажни ветувања слични на оние со по еден вработен од секое семејство.

Наспроти ваквиот копирачки начин на работа на СДСМ и неискрен однос, ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реални и конкретни проекти и средби со народот, кои значат решавање на реалните потреби на граѓаните, визија за напредок на сите области и проекти кои се продолжување на континуитетот на воспоставениот програмски концепт на партијата, а не копирање на туѓ начин на работа и туѓи концепти.

„Креативната” СДСМ повторно краде туѓо лого

Продолжува познатиот тренд на дизајнерски кражби кога се логоата кои ги употребува СДСМ во прашање. Во 2008 година за потребите на коалицијата Сонце беше искористено лого од фабриката за банани „Доле”, во 2012 година Сојузот за Иднината користеше лого од кинеска компанија.

sdsm banana

Последниот дизајнерски потфат на СДСМ повторно се враќа во секторот „кражба на лого од прехранбената индустрија”. За потребите на проектот “Визијата за Македонија” употребено е лого од познатата југословенска фабрика за продажба на сладоледи „Пекабела”.

Креативноста во логото на нивната „Визија за Македонија” е иста како и креативноста на проектот: не постои.
И стиснатата тупаница која од пред неколку години се најде на партиското лого на најголемата опозициска партија е украден пример и воопшто не е оригинално решение на некој креативен тим од “Бихаќка”, туку копија на симболот на Холандската работничка партија.
Оваа партија симболот одамна го користи како свое обележје. Социјалдемократите по којзнае кој пат докажуваат дека во недостиг на креативност се решаваат за копија на симболите на други европски партии со слична провиниенција.
Тогаш стиснатата тупаница ја претставуваат како симбол кој ги потенцира основните вредности на СДСМ и социјалдемократијата во Европа.

mende dinevski
Изборните плакати на предизборната кампања за локалните избори во 2013 година се очигледно инспирирани од комунистичка иконографија.
Доколку се спореди ефектот со стиснатата тупаница на тогашните кандидати за градоначалници, дизајнот на плакатите кои се со постар изглед, црно-бела фотографија и избледени пастелни бои, стана јасно од каде е идејата за ваквите плакати на опозициската партија.
Ако на ова се додаде ефектот на погледот насочен кон далечината на личноста која се наоѓа на плакатот тогаш се доаѓа до заклучок дека постојат големи сличности на плакатите и симболиката на СДСМ со истите на комунистичките партии.

Заев го копира и Обама

zaev obama

СДСМ се послужи со главниот слоган од кампањата на Обама, а минатата година ги користеше и говорите на американскиот претседател како репер во прес-конференциите и посетите низ општините. Заев ги користеше говорите на Обама, кој исто така шеташе низ Америка со пораката „Борец за средната класа”.
Не само главниот слоган за средната класа кој е украден од кампањата на Обама, социјалдемократите се послужиле и со графиката со која се изработувани огласите и флаерите низ социјалните мрежи.

Извор: ВЕЧЕР

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top