Дел од оружјето што било користено при нападите во Париз на 13 ноември е прозведено во фабриката „Застава“ во срспкиот град Крагуевац, во 90-те години на минатиот век, соопшти денеска директорот на компанијата Милојко Брзаковиќ.
Како што јави Фена, Брзаковиќ изјави дека два дена по нападите во Париз, во кои загинаа 130 лица, српското Министерство за внатрешни работи му ги доставило сериските броеви на оружјето користено од страна на напаѓачите.
– Верувам дека меѓу нив имаше седум или осум автоматски пушки од типот „калашников“, истакна Брзаковиќ.
За време на поранешна СФРЈ, во погоните на „Застава“ во Крагуевац се произведуваше оружје за потребите на некогашната Југословенска народна армија и за Територијалната одбрана, кое по распадот на државата остана во републиките наследнички.
Според Брзаковиќ, по распадот на СФРЈ можно е која било од државите наследнички да препродавала дел од своето оружје на трети земји
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.