| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирани нови 14 наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници“

книги2

Книгите разработуваат теми од природноматематичката област, правото и економијата, а заменик министерот за обрзование и наука Спиро Ристовски истакна дека со ваква литература, студентите и наставно научниот потенцијал во земјава ги добиваат најсовремените научни сознанија.

-Освен примената во наставниот процес на високо образовните институции, оваа литература е корисна и за сите кои сакаат и имаат потреба да го збогатат своето знаење во одредена сфера од нивен интерес. Освен што ќе бидат достапни во универзитетските библиотеки, градските библиотеки и во читалната „1000 книги“, насловите ќе може да се набават и во продавниците на издавачките куќи- истакна Ристовски.

книги3

Книжевниот фонд ќе се надополни, на листата се додадени 50 нови наслови предвидени за оваа година на барање и во соработка со универзитетите.

-Придобивките од овој проект имаат за цел да им помогнат на нашите млади да бидат поконкурентни на пазарот на трудот, да имаат силни способности кои ќе се почитуваат во светски рамки и севкупно да го зголемат прагот на знаење во нашата земја – посочи премиерот Никола Груевски.

За новообјавените дела премиерот дека се меѓународно познати во светската наука и издвои три наслови: Развој на економијата од Дебрај Реј, Обновливи извори на енергија и Принципи на дизајн на компјутерски системи – книга за која рече дека е важна за развојот на ИТ-секторот кон што се залага Владата што резултира со  странски инвестиции од областа на компјутерското инженерство и ИТ-услуги кои, како што рече, веќе отворија или се заинтересирани да отворат свои претставништва во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top