| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Шверцот на нафта од ИД во Турција треба да биде примарна мета

Смелиот и дрзок шверц на нафта на Исламска Држава во Турција треба да стане примарна мета, со цел да се разбие терористичката група, изјави рускиот претседател Владимир Путин на заедничката пресконференција со францускиот претседател Фрнасоа Оланд. И двајцата претседатели се согласни дека најпрво треба да се „удри“ врз изворот на финансии на терористите, пренесува „Раша Тудеј“.

Russia's Prime Minister Vladimir Putin speaks during his annual question-and-answer session with the Russian people in Moscow

Путин рече дека шверцот на нафта што се одвива на комерцијално ниво од териториите што се под контрола на ИД во Турција мора да биде прекинат.

– Возила носат нафта и наредени во низа одат зад хоризонтот, рече Путин потсетувајќи дека овој проблем бил дискутиран на самитот Г20 во Анталија претходно овој месец, каде тој ја покажал фотографијата фотографирана од страна на руските пилоти.

Дење и ноќе тие одат во Турција. Камионите секогаш одат таму полни, а се враќаат празни, рече Путин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top