Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава била 22.024 денари што е зголемување за 3,5 отсто во однос на истиот месец лани, а просечната бруто-плата достигнала 32.307 денари или 3,7 проценти повеќе, соопшти Државниот завод за статистика.
Зголемувањето на нето платата се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (54,7 отсто), други услужни дејности (27,3) и административни и помошни услужни дејности (8,4). И зголемувањето на бруто-платата се должи, пред сѐ, на зголемувањето во секторите уметност, забава и рекреација (43,9 отсто), други услужни дејности (23,9 отсто) и административни и помошни услужни дејности (девет проценти).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (38,2 процента), други услужни дејности (18,9 отсто) и преработувачка индустрија (1,3 проценти), додека зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите уметност, забава и рекреација (28,4 отсто), други услужни дејности (14,8 проценти) и административни и помошни услужни дејности (1,3 отсто).
Во септември 2015 година, еден процент од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



