| четврток, 6 декември 2018 |

„Навлегувајќи во Бергман“ во Кинотека на Македонија

Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, во недела 29 ноември, 2015 година во 18 часот во Кинотека, премиерно ќе го прикаже шведскиот документарен филм „Навлегувајќи во Бергман“, со гостување на еден од режисерите, Хинек Палас.

-Филмот истовремено го продлабочува и го деконструира митот за Бергман, – Индивајр

 –Информативен и забавен поглед на филмското наследство на Ингмар Бергман  раскажано од страна на одлични филмаџии врз кој тој влијаел, – Варајати

„Навлегувајќи во Бергман“ е документарен филм кој фрла светлина врз животот и карактерот на прочуениот шведски режисер раскажан од врвни филмски режисери и актери, како Френсис Форд Копола, Мартин Скорсезе, Анг Ли, Роберт де Ниро, Холи Хантер, и многу други.

Преку овој документарен филм за првпат може да се ѕирне во домот на Бергман на неговиот имот на островот Фору, кој со години е чуван далеку од очите на јавноста. Неговиот дом на овој остров ужива своевиден мистичен статус кај филмаџиите. Некои од нив дури го нарекуваат Мека,односно Ватикан,  други пак дури и се плашат од неговата долга тесна куќа во близина на плажата Персона. Дел од режисерите и актерите своите приказни за „демонскиот“ режисер и неговите филмови ги раскажуваат токму таму, во Бергмановото засолниште.

По проекцијата на филм ќе има куса дискусија со еден од режисерите, Хинек Палас. Режисер: Џејн Магнусон и Хинек Палас, времетраење: 107  минути, Година на издавање: 2013.

Влезот е бесплатен, но заради ограничен број на седишта, резервирајте го своето место на следниот телефонски број на Кинотека: 02/3065968 (во текот на викендот само по 17ч)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top