Нова апликација на „Македоника“ за бесплатно читање е-книги
Македоника (www.makedonika.mk) ја лансираше новата апликација наменета за читање е-книги на сите уреди што работат на оперативен систем „андроид“.
Се работи за комплетно нова апликација што се развиваше цели 11 месеци со цел да биде една од најдобрите во светот. Новата верзија е многу побрза, постабилна, поинтуитивна, со поквалитетен приказ на книгите и работи на сите таблети и смартфони со оперативен систем „андроид“. Во соработка со „Гугл“, беше тестирана на повеќе од 9.000 различни уреди.
Со новата апликација можат да се „читаат“ и сликовници, со што „Македоника“ е единствен е-читач од таков вид во светот.
За потсетување, базата на Македоника ја сочинуваат 36.000 регистрирани читатели на книги и преку 600 објавени бесплатни е-книги од сите жанрови и категории.
Бесплатната апликација „Македоника“ може да ја симнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Романите на Ермис Лафазановски објавени во Каиро и во Софија