| четврток, 6 декември 2018 |

Премиера на претставата „Ајнштајновите соништа“ во Прилеп

Во сабота, 28 ноември во 19.30 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиерно ќе биде прикажаната претставата „Ајнштајновите соништа“ од Алан Лајтман, во режија на Слободан Унковски.

Претставата е во копродукција со теaтар „Навигатор Цветко“. Драматизација на Русомир Богдановски, музикате е на Златко Ориѓански, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, а драматурзи се Ивана Нелковска, Лидија Митоска – Ѓорѓиевска.

Вопретставата играат: Марија С. Илијеска, Наталија Теодосиева, Јасмина Мицовска Станкоска, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Симона Димковска, Ивана Павлаковиќ, Игор Трпчески, Владимир Ѓорѓијоски, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Мартин Манев, Илија Волчески.

Претставата „Ајнштајновите соништа“ испитува различни аспекти на времето и ја покажува неговата релативност преку едно шаренило од разиграни светови. Во некои од овие светови времето се движи наназад, а во други се врти во круг. Некогаш прелетува со огромна брзина, а некогаш воопшто не минува. На некои луѓе животот им трае еден ден, а на некои – цела вечност. Во еден свет животот се повторува безброј пати, а во друг се дели на повеќе паралелни животи. Луѓето од овие светови повеќе наликуваат на делови од некаков механизам, или пак на марионети кои се движат, зборуваат, дејствуваат, но не според својата волја, туку под контрола на нивниот господар – времето. На моменти се чувствува нивниот очајнички обид да ја преземат судбината во свои раце и да се справат со времето. Но тоа е недофатливо и наметнува свои правила. Можеби некој ќе препознае дел од себе си во ови нереални ликови, сегменти од својот свет и од својата реалност во овој колаж од светови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top