| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се плачковци

Градоначалникот на Карпош му нуди на СДСМ игра во три добиени

Откако СДСМ до Државната изборна комисија поднел приговори за 36 од вкупно 62 избирачки места, старо-новиот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, обвини дека раководството на партијата на чело со Бранко Црвенковски потполно се одлепило од реалноста.

– Во првиот круг загубија со 7.600 гласови, а во вториот круг 11.000 гласови. Сега, како и тоа да не им се верува, па поднеле дури 36 приговори и замислете на тие избирачки одбори каде што имаат поднесено приговори на ниту едно место нема свој претставник затоа што СДСМ во континуитет ги повлекуваше сите оние лица што беа на моја страна во целата изборна кампања. Со ова раководството на СДСМ демонстрира дека е собир на плачковци, илеџии и луѓе коишто немаат никаква врска со реалноста. Не ми е јасно дали сега сакаат да играме во три добиени, мислам дека ги надминаа сите можни граници на коректно однесување и дека овде најмалку се работи за принципиелност, туку се работи за своеглавост и инаетење – изјави новоизбраниот градоначалник на Карпош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top