Двајцата обвинети новинари ги отфрлаат обвинувањата, но доколку на судењето бидат прогласени за виновни, ќе се соочат со казна доживотен затвор.Дундар и Гул се обвинуваат затоа што објавиле напис во „Џумхуриет„ во кој се открива дека со камиони на турската разузнавачка агенција МИТ, тајно се префрла оружје и муниција за џихадистите на Исламска држава (ИД) во Сирија.
Во камионите, кои биле запрени од турската погранична служба, на границата со Сирија, во официјалната царинска декларација било запишано дека се пренесува „хуманитарна помош„ за сириското население.
Покрај написот, весникот објави и видеоснимка од откривањето на сокриеното оружје.
На снимката се гледа како турските полицајци ги запираат камионите, со кои патувале и оперативци на МИТ, а потоа како во кутиите со „хуманитарна помош„ го откриваат сокриено оружје.
Откритието на „Џумхуриет“ и снимените видео материјали, предизвикаа политичка бура во Турција, а во странските медиуми тоа беше повод да се отвори прашањето за турската вмешаност во сирискиот конфликт и во соборувањето на претседателот Башар ал Асад.
Еден од камионите бил задржан од полицијата, но другите, под притисок на оперативците на МИТ, продолжиле понатаму и влегле во Сирија.
Владата во Анкара ги демантираше тврдењата дека соработува со ИД, а властите ги казнија и ги сменија сите службени лица кои ја провалија аферата.
Подоцна властите тврдеа дека оружјето било за милициите и групите на Туркмените, кои се турска етничка група во Сирија кои војуваат против силите бна Асад, но кои не се џихадисти и дел од ИД.
Претседателот Таип Ердоган кој во време на скандалот беше премиер, покрена лична тужба против весникот за „клевета“.
Обвинувањето за шпионажа на главниот уредник на еден од водечките турски весници и на уште еден новинар, предизвака остра реакција на организацијата „Репортери без граници“ во која се потсетува дека турските власти се изложени на силен притисок, поради непочитувањето на слободата на медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.