| четврток, 6 декември 2018 |

„Билд“: Париските напаѓачи купиле автомати преку интернет од Германија

Терористите што ги извршија нападите во Париз на 13 ноември купиле автомати преку интернет од Германија, пишува денеска германскиот весник „Билд“.

epaselect BELGIUM MOLENBEEK POLICE OPERATION

Германските истражни органи утврдиле дека автоматите на теорористите биле доставени од Германија и биле купени од трговец на оружје преку интернет.

Осомничениот трговец со оружје во моментот се наоѓа во истражен затвор во Штудгарт.

Според податоци на специјалните служби во почетокот на ноември тој продал четири автомати „калашникови“. Од неговата електронска пошта станува јасно дека оружјето било продадено на „Арапи од Париз“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top