Францускиот претседател Франсоа Оланд и рускиот лидер Владимир Путин договориле координирани напади на Исламската држава, како и размена на информации за тоа кои територии во Сирија се заземени од кои сили за да се идентификуваат целите на ИД.
Двете земји се договориле да разменат информации кои делови од Сирија се под контрола на вистинската опозиција, за да се избегнат да бидат цели на воздушни удари, рекол Путин.
Оланд по средбата во Кремљ која траела 90 минути рекол дека нападите на ИД ќе бидат интензивирани и дека ќе бидат координирани.
Терористичките акти ги принудија Русија и Франција да се обединат против „заедничкиот непријател“, изјави Владимир Путин во разговор со францускиот колега Оланд кој се заложи за формирање на „голема коалиција“ во борба против ИД.
Оланд престојуваше во Москва десетина дена по терористичкиот напад во Париз во кои загинаа 130 лица, а ранети беа повеќе од 300.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.