Руското Министерство за одбрана и Армијата на Турција ја прекинаа соработката на „жешката линија“, отповикан е претставникот на руската военоморска флота, кој бил во Турција за координација на акциите на Црноморската флота и турските военоморски сили. Тоа го изјави денеска генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на руското МО.
– Денеска се прекинати сите активни канали за соработка меѓу руското МО и турската армија, изјави Конашенков.
Според него, тоа не се однесува само на т.н. жешка линија, создадена за спречување инциденти во воздух при уништувањето цели на Исламска држава во Сирија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.