| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрантите ја урнаа оградата сакајќи насилно да ја поминат границата

Стотици мигранти, кои веќе седми ден се заглавени на македонско-грчката граница се обидоа да влезат во државата уривајќи ја бодликавата жица.

Дел од нив фрлаа и со камења по полицијата, додека други на колена викаа „Сакаме да одиме во Германија”.

Неколку мигранти претрчале во Македонија, но набргу биле приведени од полицијата. Најмалку десет мигранти блокирани на границата и вчера продолжија да штрајкуваат со глад, а некои со зашиени усти и со испишани пораки по лицата и по телата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top