| четврток, 6 декември 2018 |

И Николче Новески го пречека Јохан

Јохан Тарчуловски попладнето беше срдечно пречекан и од македонскиот фудбалски репрезентативец Николче Новески кој игра за германскиот бундеслигаш Мајнц.

Новески денеска дојде на свеченоста организирана од македонската дијаспора во Мајнц да му посака добредојде на неговиот пријател со кој веќе извесно време одржувале контакти со оглед на тоа дека фудбалерот живее во близина на затворот во кој престојуваше Јохан.

Токму Николче Новески е еден од омилените фудбалери на петгодишниот син на Јохан, Младен, кој од македонскиот интернационалец добил дрес на подарок.

фото: Александар Ивановски (Република)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top