| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Никола Груевски се сретна со кинескиот колега Ли Кечијанг

На средбата меѓу премиерите на Народна Република Кина и на Република Македонија, Кечијанг и Груевски, потврдени одличните политички и економски односи меѓу двете земји. Груевски посочил дека Македонија ја поддржува кинеската иницијативата за соработка со земјите од Централна и Источна Европа во рамките на процесот 16 плус 1, што ќе придонесе за продлабочување на односите и економски развој на земјите. Македонскиот премиер изразил задоволство од успешниот тек на изградбата на автопатските делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, што се реализираат во соработка со кинеската Влада и Ексим банката. Од македонска страна предложени неколку проекти од енергетиката, градежништвото, инфраструктурата, енергетиката. Државава очекува Кина да продолжи финансиски да ја поддржува реализацијата на инфраструктурните проекти.

-Предадовме шест конкретни проекти, ставени на хартија, со добра анализа со сите најпотребни информации, со цел тие да ги изанализираат пред да не контактираат повратно. Ги реафирмиравме нашите заложби за понатамошна одлична соработка на сите полиња, така што можам да кажам дека средбата беше успешна и значајна за нас. Може од оваа средба да излезат многу нови соработки, многу нови проекти. Ние ќе продолжиме со нив да комуницираме за сите овие проекти и идеи кои можат да бидат добри за продлабочување на нашата економска соработка со Народна Република Кина“, изјави премиерот Никола Груевски.

На средбата со неговиот домаќин, Груевски рекол дека кинеските компании се добредојдени да инвестираат во Македонија. Ги образложил поволните услови за водење бизнис, поволниот даночен пакет, преземените реформи и можностите што им стојат на располагање на компаниите кои имаат намера да го прошират своето производство.

Оценувајќи ги како позитивни економските политики на нашата земја,премиерот Кечијанг изразил надеж дека во наредниот период ќе се реализираат дополнителни заеднички проекти во повеќе области.

Во Пекинг, Груевски присуствуваше и на приемот од кинескиот претседател Кси Џипинг,за учесниците на економско- трговскиот форум. Груевски посочил дека Кина е значаен пријател и подржувач на Република Македонија во рамките на глобалните иницијативи и организации.

Народна Република Кина во регионот на Централна и Источна Европа, кадешто припаѓа и Македонија, гледа огромен потенцијал за зголемена соработка и за економски развој, истакнал претседателот Џипинг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top