| четврток, 6 декември 2018 |

Брутално ја убил наставничката, па снимен како го влече телото во канта за ѓубре!

Снимките од сигурносните камери се едни од клучните докази во случајот против Филип Чизм (16), кому му се суди поради убиство на наставничката по алгебра Колин Ричер (24) во средното училиште во Денвер, Масачусетс, објави порталот „1.мк“.

Тинејџерот го изнел телото на наставничката во канта за ѓубре.

Чизм во моментот на убиството имал 14 години, а на видео снимката се гледа како влече количка во која, според тврдењата на обвинителството, се наоѓало безживотното тело на наставничката.

Обвинителите овој доказ го предочија недела дена по првата снимка, на која се гледа како Чизм ја следи наставничката и влегува по неа во тоалетот, каде наводно ја убил.Неговото лице се гледа јасно, кој на 22 октомври 2013 година со канта за ѓубре излегува од училиштето во 15:23 часот.Пред тоа, обвинителите прикажале фотографии од момчето кое стои пред женскиот тоалет, бос и со крвави раце.

Меѓутоа, кога излегувал од училиштето Чизм на себе имал поинаква облека, па обвинителите наведуваат дека се преслекол во еден од тоалетите.

Уште еден доказ не му оди во прилог.Всушност, откако наводно ја убил својата наставничка, е снимен на благајна од локалното кино како купува карта за филмот “Гравитација“.Со проверка на податоците утврдено е дека картите се купени со кредитната картичка која и припаѓала на покојната наставничка Колин Ричер.

Филип Чизм се изјаснил како невин по пресудата обвинет за убиство, кражба и силување.Судењето ќе продолжи на 30 ноември, а на момчето ќе му се суди како на возрасна личност.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top