Присутните претставници на кинеските компании дадоа позитивна оцена за презентираните можности за водење бизнис, кои ги има нашата земја.
Генералниот менаџер за Европа на „Нучтеч компани“, компанија што веќе инвестирала во Полска, и е присутна на европскиот пазар, Квијан Фу, позитивно ги оцени можностите за инвестирање и напорите што ги прави Владата за привлекување инвестиции.
-Денес сме изненадени од инвестициската политика и од добрите бизнис-услови во Македонија. Во иднина имаме планови да го продолжиме нашето производство во Европа. Македонија е потенцијалното место за нашата втора инвестиција за источно европскиот пазар – изјави Фу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.