Фудбалерот за врска на Реал Мадрид и шпански репрезентативец, Иско, ќе паузира на следните два меча за својот клуб во рамките од Примера дивизија. Тој заработи директен црвен картон на „Ел Класико“ откако го фаулираше напаѓачот на Барселона, Нејмар.
Тој влезе во игра во второто полувреме, но исфрустриран од големата негатива што „кралевите“ ја имаа против Барселона направи непромислен потег.
Дисциплинската комисија на Примера одлучи да го казни Иско со два меча суспензија. Играчот за врска на Реал Мадрид ќе го пропушти гостувањето на својот тим против Еибар, а нема да може да биде во составот на Рафаел Бенитез и на дуелот против Хетафе на домашен терен. Повторно ќе има право на настап на 13 декември, кога „кралевите“ му гостуваат на Вилјареал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



