Од денеска граѓаните ќе можат да се подигаат бесплатните проекти за типски куќи. Тоа може да се направи директно од Министерството за транспорт и врски или да се симнат од нивнатата веб страна. Станува збор за градба на 6 типски куќи од 60, 80, 100, 120, 150 и од 180 квадрати. Со земањето готов проект граѓаните ќе заштедат од 1.000 до 2.000 евра. Проектот ги содржи сите сите фази на градба од статика, електрика, машинство и противпожарна заштита.
-Со самото тоа што ќе се подигаат готови проекти за градење куќи, побрзо ќе се издаваат и дозволи за градба, бидејќи проектите ќе бидат веќе познати. За добивање готов проект нема посебни услови кои треба да бидат исполнети за да се добие проектот. Таков проект може да добие секој кој е заинтересиран за градба во било кој дел на Македонија- истакна денеска на прес конференција министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски.
Според него со ваквот проект не е цел да им се конкурира на проектантските бироа, туки да им се помогне на оние кои досега не беа во можност да направат проект за градба.
Мисајловски најави дека проектот и продолжи и ќе се прошири, бидејќи голема е заинтересираноста на граѓаните за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



