| четврток, 6 декември 2018 |

Мафијата во САД се закани на „ИД“

mafiqta-v-sasht-se-zakani-na-id-340863

Џовани Гамбино, син на клучната фигура во мафијашкиот синдикат Гамбино, раскажа како функционира сицилијанската мафија и како нејзините современи членови ги штитат квартовите на Њујорк од терористите од Блискиот Исток.
Во интервју за „NBC News“ тој вели дека по ужасните терористички напади во Париз, заштитата е поважна од било кога.
– Мафијата има лоша репутација, но голем дел од неа е незаслужена. Како секое нешто во животот, таа има свои добри, лоши и грди страни, но подемот на глобалниот тероризам и дава шанса на мафијата да ја покаже добрата страна, вели Гамбино.
Според него, „ИД“ се плаши од сицилијанската мафија, поради што во подземјето нема терористички ќелии во Сицилија и на островот немало терористички напади. Гамбино открива дека истиот вид масовна заштита денес постои и во Њујорк.
ФБИ и органите за внатрешна безбедност се ограничени во она што може да го направат, смета Гамбино. Тие често реагираат премногу доцна или не успеваат да ја видат комплетната слика на она што со случува поради недостаток на човечки интелигенција, познавањето на поединечните движења и активности, кои и најдобра технологија не секогаш успева да ги фати.
Мафијата и нејзините сојузници сепак се поврзани со квартовите на многу по осмислен начин. Во Њујорк, таму каде влијанието на сицилијанската мафија е силно, натрапниците на „ИД“ едноставно нема да успеат да направат ништо.
– Светот е опасно место денес, но луѓето кои живеат во населбите во Њујорк со сицилијански врски, треба да се чувствуваат безбедно. Ние се грижиме нашите пријатели и семејства да се заштитени од екстремисти и терористи, особено од бруталната психопатска организација која себеси се нарекува „ИД“, категоричен е Џовани Гамбино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top