| четврток, 6 декември 2018 |

Бозкир: Турција и Русија го немаат тој луксуз да бидат во лоши односи

­ Турција и Русија го немаат тој луксуз да можат себеси да си дозволат да бидат во лоши односи, изјави денеска турскиот министер за односи со ЕУ, Волкан Бозкир, два дена по соборувањето на рускиот воен авион.

bozkir

 

Бозкир во Анкара рече дека очекува оти и по тој инцидент, на кој рускиот претседател Владимир Путин реагираше многу остро, Турција да ги одржува односите со Москва, пренесуваат турските медиуми.

Турскиот министер додаде дека очекува зголемување на напорите неговата земја да стане членка на ЕУ, со оглед на тоа дека преговорите од поглавјето 17, кои се однесуваат на економската и монетарната политика, би требалао да бидат отворени на 14 и 15 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top