Сигурно и вие сте забележале дека припадниците на посилниот пол кога ќе се најдат на јавни собири како што се свадби, слави и други прослави јадат многу повеќе од вообичаено.
Постојат многу начини да се освои девојката од соништата. Но дали знаевте дека мажите кога се во женско друштво јадат многу повеќе од вообичаено и тоа само за да ги импресионираат дамите присутни на масата.
Научниците од Корнел универзитетот тестирале мажи и навистина ја докажале оваа теза. Работата да биде поинтересна, не само што мажите во женско друштво ќе изедат 93 отсто повеќе месо или пица, туку и е конзумираат 86 отсто повеќе салата отколку кога јадат сами или во присуство на други мажи.
-Нашата студија покажа дека мажите се склони кон прејадување за да се прават важни и да си ја кренат вредноста. Наместо да демонстрираат сила, тие демонстрираат колку се во состојба да изедат – појаснува авторот на студијата, професорот Кевин Нифин.
Од психолошка страна, потполно е парадоксално тоа што мажите сакаат на еден ваков начин да се докажат пред спротивниот пол, особено кога се знае дека дебелината никако не спаѓа во категоријата на привлечни особини кои дамите ги бараат кај партнерот. Сепак, на мажите им се важен предизвиците и натпреварување со другите, а самата тема не им е важна.
Иако ова мачо покажување е далеку помалку ризично од кафенаска тепачка или одење на фронт, научниците предупредуваат дека ваквото однесување може да има негативни последици по здравјето. Освен што може да се одрази на линијата, со прејадување се оптоварува желудникот и другите органи за варење, а долгорочно се создава ризик од дијабетес и други проблеми врзани со неправилна исхрана, како висок крвен пристисок и мозочен или срцев удар.
Истиот тим на научници го следеле и однесувањето на жените кон оброците и не се забележани никакви значајни разлики во количеството на храна која би ја изеле кога се сами , во машко или женско друштво.
Сепак, кога јадат пред мажите, дамите имаат впечаток дека изеле повеќе иако тоа не е точно, а од некој необјаснив срам во присуство на мажите тие јадат побрзо од обично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.