| четврток, 6 декември 2018 |

Кан: Мануел ја крена играта на голманот на ново ниво

Легендата на германскиот фудбал и на шампионот Баерн Минхен голманот Оливер Кан искажа многу пофални зборови за својот наследник на голот, Мануел Нојер. Тој смета дека голманот на Баерн предизвикал вистинска револуција во начинот на одбрана на својот гол.

– Мануел ја крена играта на голманот на едно ново ниво. Сосема поинаква димензија, кога голман може да биде надвор од својот казнен простор и да одигрува со нога како и фудбалерите. Тој е одличен со двете нозе, и соиграчите воопшто не се плашат да проигруваат со него. Во таков случај, вие имате 11 фудбалери на теренот, а не десетмина, плус голманот. Уште поважно е што тој не прави фатални грешки, а во голем број случаи истрчува како трет бек и влева сигурност во последната одбранбена линија – вели Оливер Кан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top