| четврток, 6 декември 2018 |

Целовечерен концерт на октетот „Прилеп“

Октетот „Прилеп“ вечерва, 26 ноември, од 19. 30 часот ќе одржи целовечерен концерт во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Членовите на Октетот на годишниот концерт ќе исполнат дел од композициите од богатиот репертоар и ќе се претстават со македонски староградски и народни песни, македонски забавни и шлагери од поранешните ју простори.

На концертот кој ќе биде вистинско музичко доживување како гости ќе настапат Андријана Јаневска, Чалгија за мерак и Катерина Попоска.

Октетот “Прилеп” повеќе од 20 години ја одржува традицијата за староградска песна. Членовите велат дека пејат со душа и од срце. Имаат издадено три албуми со 40 композиции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top