| четврток, 6 декември 2018 |

Пет нови автобуски станици во општина Илинден

­ Во општина Илинден се поставени пет нови автобуски станици, на места каде што досега немаше или постојните стреи беа стари, оштетени и дотраени.

postojka

Според Општина Илинден, автобуските станици се изработени според светски стандарди и се многу побезбедни за корисниците на јавниот превоз, а се состојат од повеќе елементи: стреа, клупа за седење, канта за отпадоци и информативна табла. ­

Со реализацијата овој проект Општина Илинден на своите граѓани им овозможува модерни автобуски станици, ќе го подобри квалитетот на живеење и ќе придонесе кон урбаниот изглед на општината, се вели во соопштението од Општина Илинден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top