Русија ќе воведе контрола врз увозот на храна од Турција, пишува анкарскиот весник „Хуриет“.
Денес министерот за земјоделство во Москва, Александар Ткачов, најави дека голем број производи што се увезуваат од Турција, не одговараат на руските санитарни норми.
– Затоа ние ќе ја засилиме контролата на своите граници – рече тој.
Од руската служба за заштита на потрошувачите, денеска изјавија дека од почетокот на 2015 година нејзините службеници заплениле 800 килограми стока произведена во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.