Северина веќе се однесува како вистинска српска снаа. Таа во Белград ќе живее во куќата на својот свекор и свекрва, а за адаптација на својот животен простор во вилата на Којиќ, ќе вложи 30.000 евра.
-Северина и Игор уште пред венчавката почнаа да ја преуредуваат вилата. Бидејќи српската снаа одлично се сложува со свекрвата Оља и свекорот Кеба, таа се радува на заедничкиот живот со нив. Кога се во Србија ќе живеат да Бежаниска коса, додека во Загреб ќе престојуваат во нејзиниот стан во центарот на градот- вели извор близок до семејството Којиќ.
Младенците воделе сметка за сите детали.
-Ангажираа најдобри мајстори, кои во куќата на Кеба веќе ја менуваат керамиката и лустерите. Мебелот е нарачан од Италија, а одбраа и некои антиквитети. Тие ќе имаат своја соба, купатило и посебно катче за синот на Северина, Александар. Во тоа вложија 30.000 евра, а со оглед на тоа дека од гостите на свадбата добиле 250.000 евра, веројатно ќе го зголемат буџетот за реновирање- додава изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.