| четврток, 6 декември 2018 |

Рамадани: Убиј­ци­те од Па­риз се слу­ги на ѓа­во­лот

maxresdefault

Ис­лам­ски­от те­о­лог Ну­срет Ра­ма­да­ни остро го осу­ду­ва мон­стру­оз­но­то зло­сторс­тво во Па­риз, а кри­ми­нал­ци­те што од­зе­ма­ат не­ви­ни жи­во­ти ги сме­та за слу­ги на ѓа­во­лот. Те­о­ло­гот од Скоп­је, кој сво­е­то обра­зо­ва­ние го до­бил во Са­у­ди­ска Ара­би­ја, ве­ли де­ка тие што уби­ва­ат во име на ис­ла­мот, всуш­ност са­мо се кри­јат зад ве­ра­та. Ра­ма­да­ни е це­лос­но уве­рен де­ка ду­хов­но­ста на ви­стин­ски­те лек­ции за ис­ла­мот да­ва го­лем при­до­нес во зго­ле­му­ва­ње на до­вер­ба­та ме­ѓу ет­ни­ку­ми­те во Ма­ке­до­ни­ја.

Ка­ко Вие ка­ко ис­лам­ски те­о­лог гле­да­те на мо­ти­ви­те за на­па­ди­те во Па­риз и на уби­ва­ње­то „во име на Гос­под“?

РАМАДАНИ: Тра­гич­ни­от на­стан и мон­стру­оз­но­то зло­сторс­тво што се слу­чи во Па­риз, не­ма ни­ту ре­ли­ги­ја ни­ту на­ци­ја. Остро го осу­ду­вам овој стра­шен чин и овој те­ро­ри­стич­ки акт врз ци­вил­ни лу­ѓе. Овие кри­ми­нал­ци што од­зе­мат не­ви­ни жи­во­ти и што са­кат да ни ги од­зе­мат ре­ли­ги­оз­ни­те убе­ду­ва­ња и ве­ру­ва­ња, ми­рот и сè што е до­бро во овој жи­вот, не­ка зна­ат де­ка му слу­жат на ѓа­во­лот.

Зо­што мла­ди вер­ни­ци од Ма­ке­до­ни­ја се прик­лу­чу­ва­ат на џи­хад и за­ми­ну­ва­ат во Си­ри­ја и во Ирак? 

РАМАДАНИ: Се­кој млад чо­век што за­ми­нал на ту­ѓи бо­и­шта не оди во ви­стин­ска­ на­со­ка и гре­ши мно­гу. Ако им обр­ну­ва­ме мал­ку вни­ма­ние на нај­го­ле­ми­те ис­лам­ски цен­три на на­у­ки и на нај­го­ле­ми­те ака­де­ми­ци и му­фтии на це­ли­от свет, вклу­чу­вај­ќи го и арап­ски­от свет, кон­крет­но во Са­у­ди­ска Ара­би­ја, Еги­пет и во Тур­ци­ја, мо­же да кон­ста­ти­ра­ме де­ка тие се обе­ди­не­ти и има­ле раз­лич­ни ко­ми­сии што ги разг­ле­ду­ваа вој­на­та во Си­ри­ја и во Ирак и ед­ног­лас­но пре­ци­зи­ра­ат де­ка не тре­ба да се оди на тие бо­и­шта би­деј­ќи та­му опе­ри­ра­ат кри­ми­нал­ни гру­пи, убиј­ци на ста­ри ли­ца, не­моќ­ни, же­ни и на де­ца, кои се кри­јат зад ис­ла­мот, а глав­на цел им е да го ури­ва­ат ими­џот на ис­ла­мот и се­кој да се пла­ши ако се срет­не со не­кој мус­ли­ман.

Се ко­ри­стат ли вер­ски об­је­кти ка­ко ре­грут­ни цен­три за но­ви џи­ха­ди­сти?

РАМАДАНИ: Не, во­оп­што, тоа што се­кој вер­ник го знае е де­ка вер­ски­те об­је­кти кај нас функ­ци­о­ни­ра­ат и се кон­тро­ли­ра­ат и од са­ми­от од­бор на са­ми­от об­јект, та­ка што спо­ред со­др­жи­на­та се ко­ри­стат за еду­ка­ци­ја на оп­штес­тво­то и на вер­ни­ци­те што се мо­лат пет­па­ти днев­но. Во сог­лас­ност со про­грам­ски­те актив­но­сти на џа­ми­и­те има раз­лич­ни вер­ски пре­да­ва­ња, но со цел да се про­мо­ви­ра до­бро­то и да се во­ју­ва про­тив зло­то, ка­ко на при­мер за­гри­жу­вач­ко е ка­ко дел од мла­ди­те се за­вис­ни­ци од дро­ги, а има и мно­гу дру­ги не­га­тив­ни по­ја­ви за кои се др­жат пре­да­ва­ња, та­ка што не­ма ме­сто за зло и за зло­у­по­тре­ба на вер­ски­те хра­мо­ви во на­ша­та зем­ја.

Пред не­кол­ку ме­се­ци во Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца се слу­чи­ја ка­ра­ни­ци ме­ѓу пред­вод­ни­ци­те на ова ин­сти­ту­ци­ја. Бе­ше на­пад­на­то се­ди­ште­то на ИВЗ, се раз­ре­ши му­фти­ја­та од Скоп­је... Ка­ко ги ко­мен­ти­ра­те овие слу­чу­ва­ња? 

РАМАДАНИ: Да, оваа го­ле­ма ку­ќа за­зе­ма го­ле­мо ме­сто во мо­е­то ср­це. Мис­лам де­ка се­ко­гаш тре­ба да се по­чи­ту­ваа и тре­ба да се по­диг­не на си­те др­жав­ни и оп­штес­тве­ни ин­стан­ции, да ѝ се да­ва зас­лу­жен трет­ман по­ра­ди тоа што се збо­ру­ва за еден го­лем дел вер­ни­ци во на­ша­та зем­ја. Пос­лед­ни­те слу­чу­ва­ња во ИВЗ, на­ви­сти­на, беа ужас и хо­рор-филм, це­ло­то оп­штес­тво бе­ше за­гри­же­но, но се чи­ни би­ле до­бро ор­ке­стри­ра­ни со ме­се­ци пред да се слу­чи тоа. Ка­ко и да е, кул­ми­ни­ра­ше на­чи­нот на од­не­су­ва­ње на не­кои вра­бо­те­ни кон ова ин­сти­ту­ци­ја упо­тре­бу­вај­ќи си­ла, ско­кај­ќи над за­тво­ре­ни вра­ти, кр­шеј­ќи ги про­зор­ци­те на ме­ста­та ка­де што ра­бо­теа со го­ди­ни. Ре­и­сот Ре­џе­пи во ми­на­то­то го по­чи­ту­ваа ка­ко „го­ле­ми­от та­тко”, а исти­те тие де­не­с на адре­са на ре­и­сот Су­леј­ман Ре­џе­пи упа­ту­ва­ат еден куп об­ви­ну­ва­ња од нај­те­шки­те. Има и дру­ги што во бли­ско­то ми­на­то на Су­леј­ман Ре­џе­пи му по­са­ку­ваа крај иден­ти­чен ка­ко на Са­дам Ху­се­ин, а се­га се це­лос­но по­кор­ни и мно­гу пос­луш­ни и се за­до­вол­ни од тоа ка­ко функ­ци­о­ни­ра ИВЗ. Мис­лам де­ка ова не е на ме­сто, па и здра­ва­та ло­ги­ка не го оправ­ду­ва ова. Ка­ков и да е оби­дот што е на­пра­вен кон оваа све­та ин­сти­ту­ци­ја, по­са­ку­вај­ќи да ја оште­тат и да ја де­гра­ди­ра­ат во се­кој на­чин или фор­ма, и од ко­го би­ло, е зло­де­ло и кри­ми­нал. Да не ги за­бо­ра­ви­ме го­ле­ми­те вред­но­сти што ги има ова ин­сти­ту­ци­ја со ве­ко­ви, да не се за­бо­ра­ви пот­та на мус­ли­ма­ни­те на ова ме­сто, уче­ња­та на ве­ра­та нѐ учат да се од­не­су­ва­ме до­бро и пра­вед­но, да­ле­ку од ла­ги­те, да­ле­ку од не­прав­да­та и да­ле­ку од ло­ши­те ра­бо­ти. По­са­ку­ва­ме ИВЗ да ја ви­ди­ме уште по­на­пред­на, со по­ве­ќе под­го­твен ка­дар, за да би­де до­бар при­мер не са­мо во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ту­ку и во це­ли­от ре­ги­о­нот.

Кол­ку по­ли­ти­ка­та е вме­ша­на во ИВЗ?

РАМАДАНИ: Вра­ти­те на Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца тре­ба да би­дат отво­ре­ни за се­ко­ја др­жав­на ин­сти­ту­ци­ја, за се­ко­ја по­ли­тич­ка стру­кту­ра што дејс­тву­ва во на­ша­та зем­ја, без раз­ли­ка на нив­но­то опре­де­лу­ва­ње, транс­па­рент­но да се ко­му­ни­ци­ра за до­бро­то на гра­ѓа­ни­те, на вер­ни­ци­те и за оп­штес­тво­то. Но, по­ли­ти­ка­та ни­ко­гаш не смее да вли­јае и да ја ди­кти­ра ИВЗ ка­ко ин­сти­ту­ци­ја. Се­ко­гаш ко­га се вме­ша­ла по­ли­ти­ка­та во ИВЗ, ври­е­ше, има­ше вна­треш­ни ме­ѓу­себ­ни су­ди­ри, па и раз­лич­ни ин­ци­ден­ти. Но, и спро­тив­но, и чел­ни­ци­те од ИВЗ би тре­ба­ло да не се за­ни­ма­ва­ат тол­ку ра­ди­кал­но со по­ли­тич­ки ко­лум­ни, на­у­тро да под­др­жу­ва­ат ста­во­ви на ед­на пар­ти­ја, а на­ве­чер да ја­дат бак­ла­ва со дру­га пар­ти­ја. Не­ка се со­о­чу­ва­ат со сво­и­те евен­ту­ал­ни сла­бо­сти во сво­јот еша­лон, и ка­ко да ја во­ди ИВЗ по­на­та­му.

Ка­ко ре­ли­ги­ја­та мо­же да вли­јае по­зи­тив­но за зго­ле­му­ва­ње на до­вер­ба­та ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те и Ал­бан­ци­те? 

РАМАДАНИ: Да, Со­се­ма сум уве­рен во тоа де­ка ве­ра­та и ду­хов­но­ста на ис­лам­ски­те лек­ции и пра­ви­ла да­ват го­лем при­до­нес и се гла­вен про­мо­тор на зго­ле­му­ва­ње на до­вер­ба­та ме­ѓу ет­ни­ку­ми­те и дру­ги­те на­ци­о­нал­но­сти во др­жа­ва­та. А се­то ова се до­стиг­ну­ва са­мо пре­ку искре­ност во ду­ша­та, по­чит кон дру­ги­от, со ди­ја­лог и ме­ѓу­себ­на то­ле­ран­ци­ја, кој го из­диг­ну­ва за­мо­кот на сло­бо­ди­те и на чо­веч­ки­те пра­ва и ве­ру­ва­ња. Алах во све­та­та кни­га Ку­ра­нот ве­ли: „Овој Ку­ран е по­у­ка за це­ли­от свет”. По су­шти­на, лу­ѓе­то тре­ба да се раз­ли­ку­ва­ат ка­ко ло­ши и до­бри, лаж­гов­ци и пра­вед­ни, пот­тик­ну­ва­чи на ин­ци­ден­ти и дру­ги, кои соз­да­ва­ат мир и со­жи­вот. Исто­кот, на при­мер, се на­о­ѓа во ин­кви­зи­ци­ја по­ра­ди тоа што го по­ме­шал ис­ла­мот со ло­кал­на­та тра­ди­ци­ја, а тоа и кај нас во Ма­ке­до­ни­ја че­сто слич­но се ме­ша. Се­кој од нас тре­ба да да­ва при­до­нес од лич­ни­от ка­ра­ктер и од оп­штес­тве­ни­от ин­те­рес за да се еду­ци­ра­ат, пред сѐ, мла­ди­те ге­не­ра­ции, во ду­хот на ме­ѓу­себ­на ко­му­ни­ка­ци­ја. Нор­мал­но, се­ко­гаш има­ло по­е­дин­ци, што упо­тре­бу­ва­ат вер­бал­ни и гр­ди збо­ро­ви во ко­му­ни­ка­ци­ја­та на со­ци­јал­ни­те мре­жи, во кон­ти­ну­и­тет са­ка­ат да ја пре­се­чат до­вер­ба­та ме­ѓу ет­нич­ки­те за­ед­ни­ци, а за овие што, глав­но, не­ма­ат до­маш­на кул­ту­ра и не се еду­ци­ра­ни, ни­кој не мо­же да га­ран­ти­ра, а за жал, по­сто­јат. Бреј­вик, кој уби го­лем број не­ви­ни лу­ѓе во Нор­ве­шка во 2011 го­ди­на, во име на хри­сти­јанс­тво­то, и тој дру­ги­от во Шпа­ни­ја, кој го на­пад­на го­ле­мо­то ме­тро и уби не­ви­ни лу­ѓе и тоа во име на ис­ла­мот,не­ма­ат ни­ка­ква вр­ска со хри­сти­јанс­тво­то и со ис­ла­мот. Зна­чи, си­те ве­ри ги осу­ду­ва­ат та­кви­те кр­ва­ви на­ста­ни, чо­век што има мо­зок в гла­ва не раз­мис­лу­ва за та­кви те­ро­ри­стич­ки акти.

nusret ramadani

Пред неколку месеци бевте директен сведок на трагичниот настан во Мека во кој животот го загубија 700 и повеќе аџии од различни земји. Кои се вашите гледања за причините и позадината на целиот случај? 

РАМАДАНИ: Бев привилегиран да бидам во ова друштво, во близина и на друштво на медиумите и елитата на научниците и новинарите. И поточно проценките на сето тоа што се случи во Мека, односно во Мина, беа направени од самото министерство за Хаџ, каде што бев и јас. Можам да зборувам како сведок бидејќи сум видел со мои очи некои од трагичните случувањата кои се случија на овој годишен Хаџ. Покрај успешната организација, подготовките и трудот кој го нудеше Кралството на Саудиска Арабија, одредени кругови, многу портали и различни организации од целиот свет се обидуваа да го искриват и да му дадат друг правец на трагедијата во Мина, да дадат погрешна насока, се обидуваа да ја обвинат Владата на Саудиска Арабија, но тие грешат многу, Саудиска Арабија не е крива.
Од сите направени анализи од тоа што сме слушале и виделе, може да констатирам дека обидот и интересот на некои држави кои се инволвирани во конфликтот во Сирија беше за да се дестабилизира Саудиска Арабија преку Хаџот, или да се уништи целосно Хаџот кој се организираше за првпат во својството на новиот Крал Селман бин Абдулазиз. Еден голем дел од вината ја имаат аџиите од Иран и од некои други држави кои воглавно припаѓаат во шиитскиот правец, кои не ги почитувале предвидените мерки од страна на организаторите, како и од страна на властите на Саудиска Арабија. За да се информира јавноста дека Хаџиите на сектот Шиит кои воглавно доаѓаат од Иран, во времетраење на хаџот историски се познаваат како поттикнувачи на инциденти кои го оштетуваат имиџот на Хаџот , но и на аџиите.
Во 1985 година во аеродромот на Џеда се фатени 51 кг динамит од видот ц4 во куферите на аџиите од Иран. Во 1986 година слично на ова од ова година Станпедо, иницирана и добро организирана од Аџиите на Иран, каде што починаа 300 аџии. Во 1990 година избувна гас во таканаречениот тунел АлМуајсим, и многу други изолирани случаи каде се обидува да  се пропагандира шиизмот,  делејќи шиитска литература, книги, флаери, записи за да повикуваат на шиизам, во времетраење на Хаџот, кое е законски забрането. Потоа оваа година не фалеле и викањата нивни со шиитски слогани при ритуалите на Хаџот кои се апсолутно неприфатливи во светото место. Како и да е, Владата на Саудиска Арабија формирал посебна комисија за да ги сфати во детали причините кои носеа до овие лоши случаи.

Кои се впечатоците на Аџиите од Македонија за Хаџот, во врска со акомодитацијата и вршењето на ритуалите и што нуди Саудиска Арабија? 

РАМАДАНИ: Едно нешто треба да се потенцира дека ние како државјани на Република Македонија имаме среќа што постојат квоти за визи за Хаџ која што е доволна за нашите потреби и за ова треба да им бидеме багодарни на властите на Саудиска Арабија. Што се однесува до нашите аџии, жално, но треба да кажувам, дека повеќето од нив имаат голема потреба да ја сфатат културата на хаџот, особено старите лица но и повозрасните кои што треба претходно да се едуцират и да им се објаснат правилата за Хаџ и како функционира овој верски ритуал, и како треба да се почитуваат предвидените правила од страна на организаторите но и од страна на властите на Саудиска Арабија. За жал, многу од аџиите го ризикуваат својот живот без ниту една потреба мислејки дека така треба да се дејствува, истотака и некои недоразбирања што се случуваат, како на пример некои од нашите аџии кога се враќат дома и ги прашуваат луѓето како поминавте? Некои аџии грешаат од почеток и кажуваат „арабите некултурни“ „не се однесуваа добро“ „саудијците прават нереди“ итн употребувајќи навредливи зборови за Саудијците. Бидејки јас имам завршено високо образование во Саудиска Арабија каде сум поминал дел од мојот студентски живот, каде што имав прилика да се дружам со пријатели Саудијци, сакам ова девијација и овие невистинити да ги објаснам. Можам да кажам со сигурност дека најмалку што учествуваат во аџилак се Саудијците, имајќи во предвид дека бројот на аџиите стигнува до 3 милиони, а таму се судрат различни култури, многубројни националности, луѓе кои можеби за прв пат виделе како изгледа авион, за прв пат згазеле во урбана патека, и баш овие луѓе, неинформирани од модерниот свет, кои воглавно идат од рурални зони, прават необични работи кои даваат негативен карактер на хаџот. Вреди и треба да споменам уште еден важен сегмент, дека посетата на Кабинетот на Владата на Република Македонија предводен од актуелниот Премиер Никола Груевски  што ја направи во Саудиска Арабија во декември 2014 година, оставил добар впечаток  така што многу јавни личности и од јавниот сектор што имав прилика да се сретнам, ја ценеле како историска посета и даваат позитивна оценка.

Вие бевте дел од една конференција која се одржа во градот Мека во Саудиска Арабија. Накратко кажете ни за содржината на конференцијата? 

РАМАДАНИ: Да, бев специјален поканет во Кралството на Саудиска Арабија, под покривителство на Министерството за Хаџ, во сезоната кога аџиите го вршат Хаџот. Бев дел од една конференција на тема “ Културата на Хаџот целта на шериатот и човечка потреба“ чие отворање и инагурација на 40-тата сесија ја направи Министерот за Хаџ, др. Бандар Хаџар, како и многу други високи функционери на Саудиска Арабија. Дел од ова светска конференција беа и врвни научници од целиот свет.

Разговараше: Ненад Мирчевски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top