| четврток, 6 декември 2018 |

Холандската полиција разби светска педофилска мрежа

Холандската и австралиската полиција разбија една од најголемите интернет-страници за детска портнографија во светот, при што се уапсени стотици луѓе.

pedofil

Операцијата „Кидслав“ е подготвена со помош на американското ФБИ, траела 18 месеци и довела до 303 апсења во Австралија, Колумбија и Јужна Кореја. Името на интернет-страницата не се соопштува бидејќи продолжува истрагата.

– Најмалку 106 жртви се идентификувани. Поголемиот број од нив се на возраст под 12 години, соопшти холандската полиција.

Австралиската полиција го уапси шефот на педофилската мрежа во неговиот дом во Аделаида во јуни 2014 година. Шанон М. (33) на почетокот од месецот беше осуден на 35 години затвор.

Во јуни оваа година уапсен е 37-годишен Холанѓанец во градот Алмело. Ервин ван ден Б. е осуден на 18 месеци затвор, бидејќи Обвинителството не успеа да докаже дека тој е вмешан во производството на порнографски материјали како Шанон М.

Интернет-страницата содржела 360.000 незаконски снимки и имала 45.000 корисници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top