| четврток, 6 декември 2018 |

Момчето што исчезна од Ченто е најдено во Тетово

Најдено е исчезнатото момче од Ченто. Дваесет и шест годишниот скопјанец по кого беше распишана објава за исчезнато лице во понеделникот бил најден од страна на полицијата.

potraga

Имено, М.Д. бил најден во понеделникот во 19.00 часот во Тетово на ул.„М.Тито“, во близина на хотелот „Лираку“. Тој, како што информира МВР, со потврда за предавање на лице бил предаден на неговиот родител Б.Д.(55) од страна на полициската станица во Тетово.

Случајот во полициската станиcа Гази Баба, на 21-ви месецов го пријавил 28-годишниот брат на момчето, Б.Д.

Според неговата изјава М.Д. на 17 месецов од домот во населбата Ченто, се одалечил во непознат правец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top