Специјалната обвинителка Катица Јанева заедно со својот избран тим од обвинители се сместија во нови службени простории, кои се наоѓаат на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ бр.28/2-3 во Скопје.
На фесјбук страната на ова јавно обвинителство денеска беа објавени фотографии од просториите.
Од таму информираат дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, заедно со уште три обвинители од тимот и еден истражител, деновиве учествувале на семинар кој треба да го зајакне нивното знаење за финансискиот криминал.
„На семинарот се дискутираше за новата регулатива во областа на финансиските истраги, идентификацијата на сомнителните трансакции и соработката со финасиските институции, меѓуинституционалната соработка, меѓународните и регионални искуства во финансиските истраги и искуствата на Црна Гора во финансиските истраги“, соопштуваат од таму.
Семинарот „Финансиски истраги и меѓународна соработка“ се одржал на 23 и 24 ноември 2015 година под покровителство на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Подгорица. На него учествувале јавните обвинители Љубомир Лапе, Марија Горгева и Бурим Рустеми и истражителот Атанас Гинев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева