| четврток, 6 декември 2018 |

Витаминска бомба за почеток на денот

Сок од свежо овошје е одлична витаминска бомба за почеток на денот. Името „смути“ се однесува на сѐ она што е измиксирано со помош на блендер, најчесто овошје и зеленчук. Почитувачите на здравата храна ќе ви кажат дека вистинскиот сок од овошје мора да има нешто зелено во својот состав, макар тоа било и само авокадо.

SmoothieVitamini03

Порано правевме сокови само од овошје, но денес има многу рецепти како дома да направиме вкусен пијалак за здрав почеток на денот и со право ги нарекуваат витамински бомби. Можат да помогнат и во слабеењето. Еве неколку едноставни рецепти да направите вкусен сок за здрав почеток на денот.

Банана и јагоди

1 банана, пола шолја јагоди, чашка сок од ананас

Портокал и банана

3 исцедени портокали, 1 банана, лимунов сок, лажичка мед, малку сок од портокал и малку цимет.

Јаболко

половина банана, една и пол јаболка, пола лимун и 300 милилитри млеко или јогурт

Сите состојки се миксираат во блендер и на крај се додаваат неколку коцки мраз.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top