Една состојка која силно делува помешана со бобичесто овошје и мед го забрзува согорувањето на масти.
Научниците од Универзитетот во Калифорнија открија дека капсаицинот, кој се наоѓа во лутите пиперчиња, го зголемува согорувањето на мастите со подигнувањето на телесната температура и зголеменото трошење на енергија. Оваа состојка се поврзува и со намалувањето на апетитот.
Од друга страна, бобичестото овошје е идеален додаток на овој нискокалоричен шејк кој согорува масни наслаги, бидејќи тие се богати со витамини, влакна, а некои истражувања откриваат дека бобичестото овошје исто така може да го подобри нивото на шеќер во крвта и да го намали ризикот од дијабетес.
Состојки:
– 1 шолја замрзнато бобичесто овошје
– прстофат чили во прав
– 400 мл млеко (со намалена масленост)
– 200 мл ладен зелен чај
– 1 супена лажица мед
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.