| четврток, 6 декември 2018 |

Разбиена светска педофилска мрежа

razbiha-svetovna-pedofilska-mreja-340665

Холандската и австралиската полиција разбија еден од најголемите сајтови за детска порнографија во светот и уапсија стотици пријавени.
Операцијата „Кидслав“, подготвена со помош на американското ФБИ, трае 18 месеци и довела до 303 притвори во Австралија, Колумбија и Јужна Кореја, соопштува холандскиот весник „Де Волкскрант“. Вистинското име на интернет страницата останува тајно, бидејќи истрагата продолжува.
– Беа идентификувани најмалку 106 жртви. Повеќето од нив се на возраст под 12 години, пишува весникот, цитирајќи ја холандската полиција.
Австралиската полиција го уапси шефот на педофилска мрежа во неговиот дом во Аделаида, во јуни 2014 година. Тоа е 33 годишниот Шенон М. кој во почетокот на месецот е осуден на 35 години затвор. Откако го заплениле неговиот компјутер, полицајците се преставувале во негово име и разговарале со други педофили во мрежата ТОР која гарантира анонимност на интернет, со надеж да се утврди нивниот идентитет. Подоцна во источниот холандски град Алмело е уапсен 37 годишен холанѓанец. Ервин ван ден Б. во јуни беше осуден на 18 месеци затвор. Обвинителството не успеа да докаже дека тој бил вмешан во производство на порнографски материјали како Шенон М.
Сепак весникот забележува дека австралиските и холандски истражувачи успеале да ги уапсат шефовите на еден од најголемите сајтови за детска порнографија во светот. Сајтот содржел 360 000 илегални фотографии и имал 45 000 корисници. Од вкупно 303 извршени притвори до моментов, само пет се во Холандија.
– Истрагата и гонењето на криминалците продолжува, изјави шефицата на истрагата за весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top