Претседателот на Твенте, Алдо ван дер Лаан, поднесе оставка поради обвинувањата кон него за кршење на правилата на Холандската фудбалска асоцијација, што ја загрозува лиценцата на клубот.
– Интересите на клубот се на прво место, а во моментов тие се загрозени, се вели во соопштението на клубот.
Медиумите во земјата покажаа документи според кои Твенте има договор со инвестициска компанија во спротивност со правилата на федерација.
Ако биде прогласен за виновен, клубот може да биде казнет со парична казна, одземање на поени, испраќање во вториот ешалон или дури одземање на професионалната лиценца.
Твенте се соочува со сериозни финансиски тешкотии и во последниот трансфер период продаде некои од главните фудбалери, меѓу кои мексиканецот Хесус Корона на Порто за 12,73 милиони долари, во обид да се покријат дел од долговите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.