Руските туроператори ги откажуваат продадените до крајот на годината викенд пакети за Турција, соопшти Рускиот сојуз на туристичката индустрија.
Портпаролот Ирина Тјурина, изјави дека операторите ќе понудат одмори за други дестинации. Тие нема да можат да ги враќаат парите, бидејќи средствата веќе се преведени на турските агенции.
Според Рускиот сојуз на туристичката индустрија до средината на јануари за Турција се продадени 4-5 илјади викенд пакети. Се претпоставува дека бројот на руските туристи во Турција во моментов е околу 10 илјади луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



