| четврток, 6 декември 2018 |

„Газпром“ ја запре испораката на гас за Украина

aleksej miler gazpromРуската компанија за нафта и гас „Газпром“ ја запре денеска испораката на гас за Украина, откако владата во Киев не го уплати авансот за продолжување на испораката, како што е тоа договорено. Извршниот директор на „Газпром“ Алексеј Милер изјави дека Украина го искористила целото количество гас, за кое претходно имала уплатено.

Милер предупреди дека неможноста на украинските власти да продолжат да купуваат повеќе гас, би можело да предизвика ризик во снабдувањето со гас на останатиот дел од Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top