| четврток, 6 декември 2018 |

Милер ги надмина Раул, Меси и Роналдо со рекорден успех во ЛШ

00009845

Напаѓачот на Баерн (Минхен), Томас Милер, по вчерашното учество на натпреварот на неговиот тим против Олимпијакос (4:0) во Лигата на Шампионите, запиша рекорд на своја сметка.
Ова беше негова 50-та победа во најпрестижниот клубски турнир, така што тој стана најмладиот играч кој стигнал до оваа кота и во тој поглед ги надмина Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Раул.
Милер го запиша својот јубилеен успех на 26 години и 72 дена.

Покрај се друго, Милер беше и еден од хероите на својот тим во овој натпревар. Тој постигна гол и асистенција и беше меѓу најдобрите на теренот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top