За својата пожртвуваност и резултати, пожарникарите што го гаснеа пожарот во Македонски пошти ќе бидат наградени со по 30 проценти од нивната плата, најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски.
– Откако сум градоначалник на Скопје, многу сум задоволен од работата на противпожарната служба. Вложувавме во нејзиниот капацитет, но во таа насока уште многу ќе биде направено. За оваа година е планирана набавка на ново противпожарно возило со скали во висина од 50 метри – истакна Трајановски.
Противпожарната служба е засилена со вработувањето на 25 млади пожарникари. Командирот на противпожарната служба, Благоја Менковски, му се заблагодари на градоначалникот и истакна дека во изминатава година на територијата на градот Скопје противпожарната служба изгасила 1.800 пожари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.