Тажната вистина е дека не секој кој е многу богат, своето богатство го има акумулирано легално или чесно. Некои луѓе имаат стекнато милијарди од продажба на нелегални стоки, како што е дрога. Наркобосовите се многу популарни криминалци, кои предводат големи мрежи од сомнителен карактер. Овие луѓе не го почитуваат законот и прават апсолутно се, за да се акумулираат многу пари. Наркобосовите често остануваат во сенка и не им се наметнува да си ги валкаат рацете со ништо. Тие ги прибираат парите, додека други луѓе ја вршат целата валкана работа и се изложуваат на опасност.
Многу е тешко да бидат фатени наркобандите, бидејќи властите често треба да користат прикриени агенти и да посветат многу време додека стигнат до големите риби.
Еве кои се петте најбогати наркобосови на сите времиња:
6. Кун Са – богатство од 5 милијарди долари
Кун Са е на чело на познатиот „Златен триаголник“ кој обезбедувал 90% од хероинот во Њујорк во 70-тите, 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Тој е познат како „кралот на опиумот“ и дејствувал од Лаос, Тајланд и Мјанмар.
Тој дури се обидува да ја продаде својата империја на австралиската влада за 50 милиони долари годишно, за период од осум години. Потоа истата зделка ја нуди и на САД. Тој се предава на властите во 1996 година и живее мирно во Рангун (сега Јангон), до својата смрт во 2007 година.
5. Хозе Родригез Гача – богатство од 5 милијарди долари
Гача е член на нарко картелот „Меделин“ и е наречен „El Mexicano“, поради неговата љубов кон мексиканската култура. Тој контролирал неколку канали за шверц на дрога меѓу Мексико и САД. Создава тајни лаборатории во џунглите на Колумбија, каде што стотици работници живееле и произведувале кокаин. Гача влегува во рангирањето на милијардери на „Форбс“ во 1998 година, но следната година е застрелан од полицијата, откако неговиот син по грешка ја издава неговата локација.
4. Браќата Очоа – богатство од 6 милијарди долари
Фабио, Хуан и Хорхе Очоа се членови на картелот „Меделин“. Тројцата браќа се клучни фигури во организацијата во 70-тите години, а Хорхе Очоа дури влегува во рангирањето на милијардери на „Форбс“ за 1987 година. Браќа се осомничени за смртта на поранешниот пилот на картелот Бари Сијл, кој подоцна станува информатор на полицијата. Браќата се предаваат во 1991 година и одлежуваат само по шест години затвор, откако склучуваат договор со обвинителството. По ослободувањето се држат настрана од јавното видно поле до 1999 година, кога Фабио Очоа е уапсен за шверц на дрога.
3. Дауд Ибрахим – богатство од 6.7 милијарди долари
Ибрахим ја предводи индиската криминална органозација „D-Company“, која освен со дрога се занимава со изнуда, трговија со оружје и фалсификати. Ибрахим имал врски со Осама бин Ладен, а неговата организација се смета дека финансирала многу од снимените филмови во Боливуд. Во моментов неговото престојувалиште е непознато.
2. Амадо Каријо Фуентес – богатство од 25 милијарди долари
Каријо го имал прекарот „Господарот на небото“ и е еден од водечките мексикански наркодилери. Тој пренесувал колумбиски кокаин до многу аеродроми, користејќи ги своите 22 приватни авиони. Фуентес бил баран како од мексиканската, така и од американската влада и затоа решил да си направи пластична операција, за да си го сокрие својот идентитет. Умира во текот на операцијата во 1997 година, а лекарите кои го оперирале, подоцна се пронајдени мртви во мешалки, наполнети со бетон.
1. Пабло Ескобар Гавирија – богатство од 30 милијарди долари
Веројатно нема некој кој не чул за Пабло Ескобар, но тој започнува како ситен криминалец. Потоа застанува на чело на нарко картелот „Меделин“, а во 1993 година е следен и убиен од колумбиските власти. Името на Пабло Ескобар се поврзува со стотици убиства, иако во одредена фаза од животот тој бил и политичар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.