| четврток, 6 декември 2018 |

Самит во Загреб на процесот Брдо-Бриони

zagreb policijaВо Загреб денеска се одржува самит во рамки на процесот Брдо-Бриони, а на собирот, меѓу другите, учествуваат американскиот потпретседател Џозеф Бајден, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, австрискиот претседател Хајнц Фишер и на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер. Заради доаѓањето на високите странски гости собирот го следат силни безбедносни мерки.

На вонредниот самит на лидерите на „Процесот Брдо – Бриони“ во Загреб учествува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Предвидено е претседателот Иванов да има обраќање на пленарниот состанок насловен: „Дијалогот ЈИЕ – ЕУ – САД“, да учествува на работниот ручек на земјите членки на „Процесот Брдо – Бриони“, како и да оствари повеќе средби со учесниците на самитот.

На собирот допатува и српскиот претседател Томислав Николиќ, што претставува прва посета на Николиќ на Хрватска откако во 2012 година стана претседател на Србија.

Домаќин на собирот во рамки на процесот Брдо-Бриони се хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и словенечкиот претседател Борут Пахор, кои очекуваат на самитот да се изрази поддршка за ЕУ и САД за вклучување на државите од регионот во ЕУ и стабилизацијата и решавањето на нивните односи. Самитот во Загреб воедно ќе биде и шанса за расправа за безбедносните предизвици, терористичките закани и радикализација, како и повторно да ја искажат одлучноста и противењето на таквите појави.

Процесот Брдо-Бриони ги собира првите луѓе на државите од југоисточна Европа, а во 2013 година заеднички го почнаа Хрватска и Словенија. Цел на Процесот е засилување на регионалната соработка, стабилизација на регионот и поттикнување на политичкиот дијалог со ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top