Вооружени полициски службеници ќе бидат задолжени за безбедност на некои меѓународни летови на турски авиони, соопшти денеска министерот за транспорт, поморство и комуникации на Турција, Ахмет Арслан.
– Полициските службеници ќе бидат вклучени во воздухопловната полиција. Во голем број случаи, тие ќе ја обезбедуваат сигурноста на одредени летови, истакна Арслан.
Според него, оваа практика ќе се спроведува откако ќе се постигнат соодветни билатерални договори.
Арслан не појасни со кои земји Турција ќе склучи таквите договори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Владата ќе објави трет повик за нускобуџетните авиокомпании, но со олеснети критериуми
-
Откажани летовите од Германија за Македонија, голем штрајк во Германија
-
Кога си роден под среќна ѕвезда: Може да летам со ваучер стар 19 години? Може, нема проблем
-
Поради снежното невреме откажани се голем број летови низ Европа