Москва најавува дека ќе ја суспендира сета воена соработка со Турција по соборувањето на воениот авион. Руската армија, пак, најави дека ќе ја зајакне безбедноста на просторот на руската воена база во Сирија. Висок воен офицер најостро го осуди инцидентот, истакнувајќи дека авионот бомбардер Су-24 е погоден над сириска територија и дека локацијата се наоѓа на 4 километри од турската граница.
Медиумите наведуваат и други извори дека рускиот крстосувач „Москва“ допловува крај сирискиот брег со наредба „да уништи се што би можело да претставува каква било закана“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.